logo
logo
logo

Бизон нападна семејство во национален парк во САД (ВИДЕО)

Vecer | 01.07.2022

Бизон нападна семејство во национален парк во САД (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделникот во близина на големиот гејзер Old Faithful. Мажот, чиј идентитет засега е непознат, се движел со семејството по патека во паркот Јелоустоун кога бизон почнал да ги напаѓа, пишува ABC News.

"Членовите на семејството не ја напуштија областа, а бизонот продолжи да се нафрла, прободувајќи со рог маж кој се здоби со повреда на раката. Брзата помош го превезе во болницата во Источен Ајдахо", соопшти Националниот парк Јелоустоун.

Сѐ уште не е познато дали семејството премногу се доближило до животното или биле нападнати од бизонот без причина. Претставниците на Јелоустоун изјавиле дека ги истражуваат околностите на инцидентот.

Јелоустоун предупредува дека прописите бараат луѓето секогаш да бидат оддалечени најмалку 23 метри од бизоните бидејќи тие се многу непредвидливи животни кои можат да трчаат три пати побрзо од луѓето.

„Ова е втор инцидент од ваков вид во 2022 година во кој посетител премногу се доближи до бизон што го избоде “, наведува Јелоустоун.

Имено, на 30 мај 25-годишна жена од државата Охајо се приближила до бизон на оддалеченост од три метри. Бизонот потоа ја избодел жртвата и ја фрлил неколку метри во воздух. Жената била пренесена во болница.

„Бизоните повредиле повеќе луѓе во Јелоустоун од кое било друго животно. Секогаш држете се на најмалку 23 метри подалеку од бизонот“, предупредуваат од Јелоустоун.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk