logo
logo
logo

ВИДЕО

БИЗАРНО ИСКУСТВО НА ЕДНА МАЈКА: Сите ми честитаа, а јас појма немав дека сум била бремена - немав никакви симптоми!

Vecer | 25.10.2021

БИЗАРНО ИСКУСТВО НА ЕДНА МАЈКА: Сите ми честитаа, а јас појма немав дека сум била бремена - немав никакви симптоми!

Гледачите на популарна британска телевизиска емисија деновиве биле шокирани од приказната на 43 годишната Глинис. Имено, таа решила да гостува во емисијата се со цел да ја раскаже својата неонична приказна - а тоа е дека таа цели 9 месеци не знаела дека е бремена се додека медицинските сестри не ѕирнале во нејзините панталони и не виделе бебе.

-Мојот вереник Џејмс и јас никогаш не планиравме деца. Не користев контрацепција изминативе три години, но никогаш ништо не се случи, па заклучив дека сум премногу стара за да забременам. Не знаев дека сум бремена, изјавила таа.

Кога циклусот и престанал, Глинис биле убедена дека станува збор за менопауза.

-Никогаш не почуствував умор, ниту пак имав болки во грбот. Секојдневните задачи ги извршував без никаков проблем. Ниту една облека не ми стана тесна. Впрочем, немав никакви симптоми на бременост – освен што постојано сакав да јадам мраз. Навечер гледав телевизија и јадев коцки мраз со лажица, продолжува таа низ смеа.

[embed]https://youtu.be/FMKQzuQpDXw[/embed]

Па така, една вечер додека подготвувала оброк во кујната почуствувала силни болки во карлицата.

-Имав чуство како некој да ме удира со него. Имав силна болка и дишев брзо. Мислев дека е најпаметно да легнам малку, но тоа беше лоша одлука бидејќи после тоа не можев да станам. Болките станаа интензивни и не прекинуваа. Мојот вереник одма дојде дома и ме однесе во болница. Немав идеја што ми е. Помислив дека имам труење. Во тоалетот во болницата видов капки крв. Ме фати паника и мислев дека ќе умрам, вели таа.

До неа дотрчале медицинските сестри.

-Почувствував млаз топла вода меѓу нозете и како нешто да падна. Немав поим што се случува, но болката исчезна. Медициснките сестри имаа што да видат кога ми ги проверија панталоните. Колку што бев јас во шок, толку беа и они. Во панталоните имав бебе – девојче од 2.7 килограми. Буквално ќерка ми ја родив во панталони, вели Глинис.

Таа и додава дека во тие моменти и поминале многу мисли во глава. Биле загрижена за здравјето на бебето бидејќи немала никаква посебна нега и терапии за време на бременоста. Но, за среќа нивната ќерка била здрава, а тие ја крстиле Анѓел.

-Вистински благослов е што нашата ќеркичка се роди здрава, изјавил Џејмс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk