logo
logo
logo

Бизарниот ФЕТИШ на Катерина Велика, тајна долго чувана

Vecer | 11.04.2021

Бизарниот ФЕТИШ на Катерина Велика, тајна долго чувана

Приватниот живот на царицата Катерина Велика бил исполнет со бројни љубовници и скандали кои ја треселе Русија во тоа време.

Софија Августа Фредерика од Анхалт-Цербст (како што ја нарекуваа пред да го прифати православието) пристигнала во Русија како млада жена за ексцентричниот иден цар Петар III. Бракот е окарактеризиран како неуспех поради нејзините неверства, но младата и образована принцеза наскоро придобила политички кругови, кои нејзиниот сопруг ги отфрлал.

На крајот, царот Петар III бил убиен помалку од шест месеци по доаѓањето на тронот. Григориј Орлов, љубовник на Катерина во тоа време, бил водач на заговорниците кои ја прогласиле Катарина за владетел. Постоело сомневање дека Катарина е вмешана во убиството на Петат, ​​но тоа никогаш не е докажано.

Царицата Катерина Велика важи за еден од најголемите владетели во историјата на Русија. Сепак, дури и повеќе од ова, историјата ја памети по безброј анегдоти поврзани со нејзиниот приватен живот, а особено сексуалните склоности.

И додека приказната за нејзиното уживање во сексот со животните е целосна глупост поставена од нејзините непријатели, царицата имала уште еден, сосема бизарен фетиш.

Имено, на дворот на Катерина Велика имало лице чие официјално звање било „скокоткање на стапалата“. Неговата или нејзината работа било токму тоа - да ги скокотка или да ги масира нозете на царицата и така да ја иритира додека раскажува сочни, еротски приказни или пее.

Лицата задолжени за тоа се избирале од редовите на дворските дами и тоа било многу привилегирана позиција поради блискиот однос со царицата и фактот што поминувале некои од најинтимните моменти со неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk