Тами Перо (63) од Јужна Каролина починала кога чадор за сонце и ги пробил градите, јавува Њујорк Тајмс. Локалните власти известија дека Тами била на плажата кога силните ветрови го откорнале чадорот од држачот и шилестиот дел од чадорот и ги пробил градите.

Луѓето од нејзината околина веднаш и пришле на помош, меѓу кои и медицински работници кои во тој момент не биле на должност, а брзата помош ја пренела во болница. Сепак, повредите биле претешки и таа починала еден час подоцна.

Како што пренесува NY Post, ваквите повреди не се невообичаени, а 3.000 луѓе годишно се повредуваат од чадори кои јакиот ветер ги носи долж плажата. Лоти Микеле Белк (55) почина на ист начин во Вирџинија во 2016 година.