Родителите во Кина минатата година започнаа бизарен тренд, кој сега почна да зема замав. Ги тераат своите деца да носат шлемови за глава, за да ја сменат формата на главата на рана возраст (пожелна глава е тркалезната глава).

Една мајка објасни како функционира ова на форумот Xiaohongshu и им понуди неколку совети на другите заинтересирани родители. Во објавата со наслов „Ја исправив главата на моето бебе и покрај семејното несогласување“, мајката објаснува дека ја однела својата седуммесечна ќерка во медицинска установа за да ѝ направат шлем по мерка, пишува South China Morning Post.

„Мислам дека носењето кацига ја има истата функција како и носењето протеза, а тоа е да се поправи дел од телото и да се направи поубав. Имам рамна глава и знам колку е болно за жените кои се грижат за убавината. Носењето шлем е исто како и протезата. Не сакам моето дете да порасне жалејќи се за обликот на главата“, рекла мајката.

Фото: Шутерсток