logo
logo
logo

Бизарен грабеж во автобус: Крадецот чита наредби, патниците му се смеат (ВИДЕО)

Vecer | 27.01.2023

Бизарен грабеж во автобус: Крадецот чита наредби, патниците му се смеат (ВИДЕО)

Имено, збунет разбојник влегол во автобус со намера да ги ограби патниците, но го заборавил говорот и станал предмет на потсмев.

На видеото може да се слушне како разбојникот бара од патниците да ги стават сите свои вредни работи во неговата чанта, иако чантата никаде не се гледа.

„И без да ме погледнете во лице бидејќи во спротивно ќе се налутам, ве молам“, додаде тој и извади лист од кој почна да го чита остатокот од говорот.

„Татко ми е во затвор, јас морам да се грижам за семејството“, вели разбојникот кој во еден момент почнал да се расправа со патниците.

„Сè што правиш, правиш како што треба, а не знаеш ни да крадеш“, му рекол еден патник, а кога разбојникот видел дека никој не го сфаќа сериозно, изнервиран го напуштил автобусот.

@jorgezac #asalto ♬ sonido original - Jorge Zac

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk