logo
logo
logo

Била итно префрена на породување, но останала во шок кога видела што прави докторот: Морав да молчам заради мојот маж!

Vecer | 27.09.2021

Била итно префрена на породување, но останала во шок кога видела што прави докторот: Морав да молчам заради мојот маж!

Ѕвездата на ТикТок Џесика Енслоу решила да го сподели своето искуство од нејзиното прво породување. Имено, во 1994 година кога таа била бремена со своето прво дете била итно пренесена во болница за да се породи. Но изненадувањето и шокот пристигнале кога сфатила дека таа, докторот и сестрите нема да бидат единствени кои ќе присуствуваат на породувањето.

Џесика која сега е мајка на 7 деца, првото дете го родила во 1994 година. Бидејќи нејзиниот маж работел тогаш во војска таа била одведена во воената болница за да се породи.

Имено, на нејзиното породување во салата влегле и 20 студенти по медицина кои во тој момент биле на пракса во воената болница. Иако целата оваа ситуација не и била пријатна, таа сепак решила да молчи мислејќи дека ако нешто ќе го доведе својот маж во неволја.

Своето необично искуство, Џесика решила да го раскаже на ТикТок надевајќи се дека воените болници ќе ја сменат политиката и начинот на хоспитализација.

Нејзиното видео собрало повеќе од десетици илјади прегледи и безброј коментари но и приказни на жени кои се нашле во истата ситуација.

@jessicaenslowHopefully, military hospital policies and bedside manner have improved since 1994 🤞🏼#militarywife #militarywifelife #birthstories♬ Know Yourself - Drake

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk