logo
logo
logo

Била бела како сирење, но веќе не е! А го држи и рекордот за најголеми гради

Vecer | 02.06.2021

Била бела како сирење, но веќе не е! А го држи и рекордот за најголеми гради

Мартина Биг (32) е Германка која е родена како бела жена и која неколку пати се подложувала на операција за зголемување на градите, но вели дека нема да запре се додека не и бидат „големи како Титаник“.

Во некои од објавите на својот профил на Фејсбук, открила дека бројот на градник 70 ДД што го носела претходно веќе не е доволно голем ниту да и ги покрие брадавиците.

- Понекогаш и самата се изненадувам кога ќе видам колку ми пораснале градите, рекла Мартина и додала дека и покрај се сака уште да ги зголемува.

Поранешната стјуардеса во јавноста стана позната откако во телото си вбризгуваше инјекции за да го потемни тенот затоа што се чувствувала како црнкинка и за да роди „црни деца“. Мартина и нејзиниот сопруг Мајкл Еурвен во себе инјектирале инјекции со синтетички хормон за да си го потемнат тенот.

Освен тоа и седум недели поминала во Кенија за да учи за „племенската култура“.

 

Martina Big, lažna crnkinja

Мартина всушност сега се вика Малаика Кубва, а рекла и дека сака да се пресели во Кенија за да биде меѓу својот народ и да научи како да има семејство и да се грижи за него на африкански начин.

- Не само што сакам да изгледам како Африканска, јас така и се чувствувам, а сега и официјално сум. Во Кенија се чувствувам како дома, рекла.

 

Martina Big, lažna crnkinja

Инаку, нејзиниот партнер Мајкл го запознала кога работела како стјуардеса. Тој бил пилот. Во 2017 година за една шведска телевизија потврдила дека има најголеми гради во Европа, а телото почнала да го менува во 2012 и оттогаш до денес се подложила на повеќе од 20 операции.

Пред три години се појавила во познатата емисија „Botched", каде од хирурзите побарала да и направат нос како на африканските жени. Но ја одбиле, а ја одбиле и да и вградат имланти во задникот.

 

Martina Big, lažna crnkinja

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk