logo
logo
logo

Бил и Мелинда Гејтс ДЕФИНИТИВНО СЕ РАЗВЕЛЕ после 27 години, сите мислат дека ОВА Е ПРИЧИНАТА

Vecer | 03.08.2021

Бил и Мелинда Гејтс ДЕФИНИТИВНО СЕ РАЗВЕЛЕ после 27 години, сите мислат дека ОВА Е ПРИЧИНАТА

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и официјално се развел од Мелинда Френч Гејтс, коосновач на компанијата. Разводот е завршен во судот во Сиетл во понеделникот. Инаку прв пат за разводот се зборуваше уште во мај годинава.

Барање за развод поднела Мелинда, а како причина навела дека нивниот брак “засекогаш е непоправлив“. Пред парницата постигнале договор за поделба на имотот, и најавиле дека заедно ќе продолжат заедно да работат на својата филантропска работа.

Многу претпоставки се изнесени за вистинската причина за нивниот развод – една од нив е неверството на Бил Гејтс, а како љубовница била означена Зе “Шели“ Ванг.

Исто така, новинарот Џејмс Волас (74) кој во текот на 90-те напишал две книги за основачот на Мајкрософт изнесувал поедини детали за раскалашената страна на Бил Гејтс за која и самата Мелинда била многу добро запозната.

Инаку, Мелинда и Бил Гејтс се венчале 1994 година, имаат три деца, но само Џенифер Гејтс се огласила на темата за разводот на родителите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk