logo
logo
logo

Бил Гејтс: Не сум како Маск – паднат од Марс!

Vecer | 19.02.2021

Бил Гејтс: Не сум како Маск – паднат од Марс!

Технолошките гиганти Илон Маск и Џеф Безос вложиле милијарди во приватните вселенски патувања - со цел да воспостават колонии надвор од Земјата.

Но, на Бил Гејтс повеќе го загрижуваат „домашните“ проблеми.

Коосновачот на „Мајкрософт“ објаснил зошто не се вклучил во вселенската трка на Безос и Маск.

„Не, не сум паднал од Марс. Знам многу луѓе делуваат така. Мислам дека ракетите не се решение. Но можеби таму нешто ми недостасува “, се пошегувал Гејтс.

Гејт кој шо се појавил во поткастот за да ја промовира својата книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, изјавил дека е заинтересиран за користење на своето богатство и имот за директно решавање на некои од најголемите предизвици за човештвото.

„Нема да платам многу пари затоа што мојата фондација може да купи вакцини против сипаници и да спаси живот за 1.000 долари. Сè што правам, секогаш помислувам: Во ред, можам да ги потрошам тие 1.000 долари купувајќи вакцини против сипаници“, додал тој.

„Но, компаниите како Тесла постигнуваат голем напредок во 'лесните работи', како автомобилите“, признал Гејтс.

„Важно е да се каже дека тоа што Илон го направи со Тесла е еден од најголемите доприноси за климатските промени. Затоа потценувањето на Илон не е добра идеја“, спомнал основачот на Мајкрософт.

Инаку, Маск изјави и дека сака да воспостави самоодржлив град на Црвената планета за човештвото да може да ги преживее идните апокалипси кои би се случиле на Земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk