logo
logo
logo

Бабичка (83) ја подигнала добивката на лото, кога падна во заседа на разбојници (ВИДЕО)

Vecer | 04.02.2025

Бабичка (83) ја подигнала добивката на лото, кога падна во заседа на разбојници (ВИДЕО)

Жртвата неколку моменти претходно излегла од продавница во Орландо, Флорида, од каде подигнала пари, а потоа се упатила кон својот автомобил.

Бабата се уште не влегла во возилото кога ѝ пришол млад човек и се обидел да ѝ ги грабне парите од раце, пренесува Мирор.

„Никогаш не сум била удрена. Изразот на неговото лице покажа дека е подготвен. Ми ги зеде парите и побегна“, рече таа подоцна.

На снимката од надзорните камери се гледа дека менаџерот на ресторанот се обидел да го совлада разбојникот, поточно да го отстрани од 83-годишната жена, но безуспешно.

Откако ја соборил на асфалтот, несреќната жена останала со повредена рака.

За немилиот настан била известена полицијата и веднаш била организирана потера. Насилникот бил идентификуван и лоциран во куќата на неговата мајка. Тој планирал да побегне во Доминиканската Република, но бил уапсен.

Властите го товарат за грабеж, како и за поседување кокаин и други недозволени супстанци.

Подоцна е објавено дека жената добила 200 долари на лотарија. Еден ден подоцна, таа се вратила на локацијата во Орландо, каде што добила подарок сертификат од 250 долари, како и лото ливчиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk