logo
logo
logo

БАБА ЗА ПРИМЕР: Има 106 години и СВИРИ КЛАВИР 102 ГОДИНИ (ВИДЕО)

Vecer | 06.05.2021

БАБА ЗА ПРИМЕР: Има 106 години и СВИРИ КЛАВИР 102 ГОДИНИ (ВИДЕО)

Сто и шестгодишната Французинка Колет Мазе ужива во музиката секој ден: „Музиката е мојата храна, храна за мојот дух и за моето срце“, вели оваа баба.

Родена е во семејство од средна класа, се школувала од дома и нејзината мајка ја едуцирала, додека нејзиниот татко водел фабрика за ѓубрива.

На само четири години, таа започнала да свири пијано и таму ја пронашла топлината во музиката што недостасувала во нејзиното воспитување.

Иако има 106 години, сепак ужива да свири, а како што рече, нејзиниот шести албум е во подготовка.

Јогата и секојдневното вежбање се заслужени за нејзината виталност, но ако дојде време да престане да свири како што рече, „таа ќе најде нова храна за душата“.

Нејзиниот син Фабрис Мазе, роден во 1949 година, вели дека неговата мајка е инспирација за многу луѓе: "Нејзината љубов кон музиката и другите крева морал. Таа е витална на 106 години, во добра форма и постојано свири, што ни кажува дека за она што го правиш мора да имаш страст, а во исто време да се грижиш за себе. Нејзината љубов кон животот и смисла за хумор ги радуваат луѓето“.

https://youtu.be/6R4qiuUQoEE

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk