logo
logo
logo

Баба од пеколот: Се сомничи дека за една година си ги убила двете внучиња, имале 7 и 16 месеци

Vecer | 01.04.2023

Баба од пеколот: Се сомничи дека за една година си ги убила двете внучиња, имале 7 и 16 месеци

Трејси Никс (65) на 1 ноември ја чувала својата седуммесечна внука Уриел Шок, кога бебето било пронајдено мртво на задното седиште од нејзиниот автомобил, пишува New York Post.

Лексусот од 2019 година бил паркиран со сите прозорци спуштени пред домот на Никс во малиот град Ваучулу, каде што температурите се искачија до 30-тите на тој есенски ден. Во куќата, Никс, поранешна директорка на училиште, разговарала со своето куче и вежбала клавир.

Кога подоцна ја испрашувала полицијата, бабата рекла дека едноставно заборавила на својата внука откако се вратила дома од ручек со пријателките. Дури кога пристигнало едно од нејзините други внуци, вели таа, ѝ паднало на памет дека бебето Уриел цело попладне било во теренецот. Сопругот на бабата, свештеникот Неј Никс, го пронашол бебето кое не реагирало на задното седиште и се обидел да го оживее, но веќе било доцна.

Девојчето починало 11 месеци откако нејзиниот 16-месечен брат Езра се удавил во езерце додека го чувала истата баба. Тоа се случило три дена пред Божиќ 2021 година, а Никс наводно дремела на каучот. Кога се разбудила и не можела да го најде своето мало внуче, го повикала сопругот за помош.

Езра подоцна бил откриен како безживотно лежи во езерото пред куќата на неговата баба. Откако добила повик од нејзиниот син, мајката на децата, Каила Никс, истрчала до домот на нејзината мајка и доживеала сообраќајна несреќа додека била бремена со Уриел во шестиот месец.

„Ми се исклучија сите воздушни перничиња, не се сеќавам како излегов, но излегов и почнав да трчам кон куќата на моите родители без чевли . Тоа беше мојот очајнички обид да стигнам до мојот син“, рекла Каила.

Каила и нејзиниот партнер Дру Шок велат дека по смртта на нивниот син со давење, тие воопшто не ѝ верувале на Трејси и дека никогаш нема да го пуштат нивното најстаро дете, на возраст од 4, да оди во нејзината куќа. „Бевме анксиозни, но јас ја сакав мајка ми и ја сакав на некој начин во мојот живот, па во тој момент помислив дека можам да ѝ дадам втора шанса“, рече Каила Никс.

Каила Никс изјавила дека на 22 ноември ја оставила својата ќерка на мајка ѝ затоа што ги познавала и им верувала на луѓето со кои одела на ручек. За неколку часа, офицер од канцеларијата на шерифот на округот Харди се појавил во нејзината куќа и ѝ рекол дека и нејзиното друго дете е мртво.

Адвокатот на Трејси Никс, Вилијам Флечер, ја опиша смртта на Уриел во врелиот автомобил како очигледна несреќа и додаде дека бабата била целосно уништена од смртта на нејзините двајва внуци. 65-годишната баба сега може да се соочи со затворска казна од 12 до 30 години доколку биде прогласена за виновна за тешко убиство од небрежност.

„Ако сакам да бидам објективна, таа треба да оди во затвор“, рече Каила Никс. „Како нејзина ќерка ме убива да го кажам тоа. Како нивна мајка тоа го барам. Ќе се борам за нив“.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk