Повеќе од две децении радикалните левичари наметнуваат идологија која ги загрозува основните вредности на семејството: еднополови бракови, бракови без деца, промена на пол, истакнување на личниот интерес и комодитет над се друго околу себе, уривање на врските помеѓу родителите и децата, наметнување на идеите за хомосексуалност уште во основните и средни училишта... Сето тоа реализирано низ силна агресивна кампања по медиумите, социјланите мрежи и невладините организации што доведе до уривање на семејствата и губење интерес кај малдите за формирање свое семејство и особено семејство со свои деца.
Медиумите, па и сериозните глобални медиуми како британскиот Гардиан, често афирматвно ги објавуваат ставовите на луѓето кои не сакаат да имаат деца, дури ги напуштаат и пријателите кои пред нив постојано зборуваат за своите деца, и кои се дел од Child free (Слобода без деца) движењето, или иедологијата.
Од друга страна во Британија, или Германија, каде драстично опаѓа наталитетот се жалат дека нема доволно млади и нема наследници во индустријата, науката и економијата, што е сериозна закана за општетсвото и примаат многу доселеници за да го пополнат празните работни места а потоа, незадоволни од напливот на новите култури и обичаи, протестираат против нив.
Што се случува во Германија
Популацијата во развиените држави драстично опаѓа, а се зголемува и бројот на разводи. Сепак, сиромаштијата не е причина за одбегнување семејство и деца во него - туку идологијата која е најагресивна токму во државите кои имаат солидни економии, но и силна идеологија против семејствата и природниот тек на одржувањето семсјтво и сопствените природни карактеристики.
Податоците покажуваат дека до крајот на 2021 година, само 136.000 лица на возраст од 15 до 24 години биле во брак, во споредба со пред десет години кога повеќе од 246.500 млади лица биле во брак или во граѓанско партнерство.
Германскиот завод за статистика „Дестатис“ објави извештај за начинот на живот на младите од 15 до 24 години во Германија, од кој се гледа дека бројот на оженети во оваа возрасна група паднал на најниско ниво од почетокот на водењето на евиденцијата, по повторното обединување на Германија во 1991 година.
Податоците покажуваат дека до крајот на 2021 година, само 136.000 лица на возраст од 15 до 24 години биле во брак, во споредба со пред десет години кога повеќе од 246.500 млади лица биле во брак или во граѓанско партнерство.

Падот е подраматичен во споредба со пред три децении, кога во таа возрасна група биле во брак повеќе од 990.000 лица што претставува 9,6 отсто од групата наспроти 1,6 отсто денеска, пренесува tribun.hr.
Бројот на млади родители во Германија, исто така, е во опаѓање, при што само 2,4 отсто (197.000) од лицата на возраст од 15 до 24 години минатата година имале најмалку по едно дете. За споредба, во 2011 година како родители биле евидентирани 3,7 отсто од оваа возрасна група (327.000), што значи дека има пад од речиси 40 отсто за само десет години.
Во мај, статистичарите известија дека просечната возраст на жените кои раѓаат за првпат се искачила на повеќе од 30 години, што е зголемување за повеќе од една година во споредба со пред една деценија и загрижувачки знак за стабилноста на населението, бидејќи е помала веројатноста жените над 30 години да имаат повеќе деца.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата