Апсења, дрога, ранување: Животот на овој фолкер е за филм, а кога ќе чуете што се кажува...

Фолкерот Аца Лукас на многумина им е омилен пеач, а за неговите конфликти со полицијата и законот во многу наврати се пишувало. Завршил во затвор поради поседување на оружје, а за одвикнување од наркотици јавно зборувал.

Аца во 2003 година уапсен е во полициска акција "Сабја", бидејќи поседувал пиштол без дозвола.

Осуден е на четири месеци затвор. Имал проблеми со дрога и коцкање поради што од 2004 до 2006 година направил пауза во кариерата. Признал дека дрога пробал кога имал 21 година, а во 2001 дошол во тешка ситуација со што се упатил на лечење во клиника во Швајцарија во која бил и Диего Марадона.

Пеачот за тоа јавно збоувал, истакнувајќи дека дрогирањето му била животна грешка.

- Викторија сигурно ќе ме праша еден ден за се што сум направил, но моите постари клинци тоа го знаат. Стојам позади сето тоа во животот. За 99 отсто работи воопшто не се каам, човек треба да се да извлече поука од сето тоа. Реков дека единствена грешка беше дрогата. Сепак ја пробав бидејки незнаев. Јас сум побрз и од интернет а моите клинци знаева се за мене, дознаа од мене, па и за догата.

Мислам дека јас подобро можам да им објаснам. Ако одбрав да бидам јавна личност, а не сум цвеќе, тогаш морам да сносам и одговорност и да објаснам што сме а што не сме – изјавил пеачот.

Аца преживеал и вистинска драма кога 3 февруари 2009 година е погоден од пиштол во десната натколеница додека влегувал во авромобилот, од напаѓач кој бил во црна јакна, темни панталони и капуљача кој потоа се дал во бегство, а Лукас успел да дојде до својот стан.

Веднаш после тоа е префрлен во Ургентен центар, каде што брзо се опоравил бидејќи не бил во животна опасност

Поврзани

Најнови вести

Коментари