Apple престанува со производство на iPhone X и iPhone SE?

Компанијата, која се занимава со истражување и анализа во сферата на „IT" индустријата и интернетот, „BlueFin Research" наведува дека „Apple" планира да го стопира производството на својот минатогодишен модел „iPhone X", како и на веќе застарениот „iPhone SE".

Причината за тоа се крие во одлуката на „Apple" во целост да се посвети на производството на трите нови овогодишни „iPhone" модели, кои официјално ќе бидат претставени наесен.

„Apple", до крајот на оваа година, планира на пазарот да пласира околу 91 милион нови „iPhone" уреди, додека во 2019-та би требало да бидат испорачани околу 92 милиони примероци од трите нови модели на „iPhone".

„Apple" овие бројки ги носи врз зклучокот дека корисниците на претходните „iPhone" модели, оваа година, конечно се подготвени за премин на новите уреди, што минатите години не беше случај.

По појавувањето на пазарот, се очекува вео текот на следните четири квартали да бидат испорачани, 20, 60, 45 и 40 милиони примероци од трите нови модели на „iPhone".

Според достапните предвидувања, најмногу би требало да се продава најголемиот модел на „iPhone" со 6,5-инчен „OLED" екран и основниот модел со „LCD" екран од 6,1 инчи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари