logo
logo
logo

Антитела цели 8 месеци кај пациетни кои прележале Ковид-19?!

Vecer | 11.05.2021

Антитела цели 8 месеци кај пациетни кои прележале Ковид-19?!

Нова студија покажува дека антителата кои се развиваат кај пациенти кои прележале Ковид - 19 остануваат отприлика 8 месеци по прележувањето на болеста, без оглед на тешката форма на болеста и возраста на пациентот. Оваа студија беше објавена денес во списанието „Nature Communications“, а е спроведена на 162 позитивни пациенти со различни симптоми кои имале Ковид-19 во првиот бран во март и април минатата година, најдоцна во ноември.

Според истражувањето, спроведено од болницата Сан Рафаеле во Милано, оние кои не успеваат да произведат антитела во првите 15 дена од инфекцијата, имаат поголема веројатност да развијат потешка форма на болеста, пренесува „Танјуг“.

Групата пациенти се состоела од 67 проценти мажи со просечна возраст од 63 години, од кои половина имале и придружни болести.

Резултатите покажуваат дека 79 проценти од пациентите успешно ги развиле овие антитела.

Студијата сеопфатно ја мапира еволуцијата на одговорите на антителата кон Ковид-19 и дава важни индикации и за клинички третман на болеста и за епидемиолошки прекин на епидемијата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk