logo
logo
logo

Англичанец доставувал пакети седум дена во неделата пред црн петок- го нашле мртов зад воланот

Vecer | 24.11.2022

Англичанец доставувал пакети седум дена во неделата пред црн петок- го нашле мртов зад воланот

Ворен Нортон починал на 49-годишна возраст, а во текот на својата работа се обидувал да достави што е можно повеќе пакети пред 25-ти ноември.

Неговото тело го пронашле неговите колеги, паднат преку воланот на комбето паркирано во складиштето на ДПД во Дартфорд.

"Ворен френетично работеше за да испорача што е можно повеќе пакети. Менаџерите ве повикуваат да работите повеќе денови и да останете подолго бидејќи знаат дека сте самовработени. Пакетите мора да се испорачаат по секоја цена", изјавил неименуван извор за The Sun.

Вработените во службата за испорака кои го пронашле првично мислеле дека заспал во комбето поради исцрпеност. Му тропале на прозорецот, но тој не реагирал. Кога виделе дека не се движи, доставувач го скршил прозорецот на возилото. Откако ја отвориле вратата, Нортон паднал од комбето.

Колегите и надлежните служби се обиделе да го оживеат, но не успеале и на лице место била констатирана смрт. Нортон работел за ДПД околу две години и имал 14-годишна ќерка.

„Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, изјави портпаролот на ДПД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk