Анџелина Џоли стана русокоса

Анџелина Џоли го снима својот прв филм од 2016 година и разводот со Бред Пит. Актерката ја прифати улогата во научнофантастичниот филм Come Away и ја доби улогата на Роуз. Нејзиниот колега, актерот Дејвид Ојелово, на неговиот инстаграм-профил објави фотографија од снимањето на која позира целата постава на филмот, а многумина ги изненади изгледот на Анџелина Џоли.

Актерката има руса кадрава перика, црн фустан, а мајсторите на маската се погрижија таа да изгледа постара.

„Филмот е завршен. Одвај чекаме да ја споделиме оваа магична реимагинација на ‘Алиса во земјата на чудата’ и ‘Петар Пан’“, напиша Дејвид Ојелово во описот на фотографијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари