logo
logo
logo

Анџелина Џоли: Толку долго сум слободна што моите деца ми помагаат во самохраното мајчинство

Vecer | 13.05.2021

Анџелина Џоли: Толку долго сум слободна што моите деца ми помагаат во самохраното мајчинство

За време на интервју за „E! News“, познатата актерка се пошегува дека толку долго е слободна што нејзините деца ѝ помагаат во самохраното мајчинство. Холивудската актерка Анџелина Џоли беше поврзувана со многу мажи од разводот со 57-годишниот актер Бред Пит. Таа призна дека е слободна веќе подолго време и  додаде дека ќе биде многу пребирлива во потрагата по нова љубов, бидејќи се изгорела во старите.

„Долго време сум сама. Веројатно имам многу долг список на причини зошто не сакам да се впуштам во врска“, рече Анџелина.

„Имам шест многу способни деца. Секако дека се будам и само треба да се осигурам дека се во ред и дека се психички добри. Но, искрено, мислам дека тоа се смени пред неколку години и дека тие мислат дека мораат да бидат сигурни дека мама е добро“, рече актерката и призна дека улогите малку се сменија.

„Тие се грижат толку добро за мене, а ние сме таков тим. Јас сум многу среќна … затоа, се грижам. Јас сум секогаш таа што се грижи, но ги обожавам. Тие се кул луѓе“, се пофали таа.

Оваа позната холивудска актерка има шест деца. Медокс, Захара и Пакс се посвоени, а Шајло и близнаците Нокс и Вивиен ги доби со Бред Пит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk