logo
logo
logo

Американските компании се загрижени поради недостиг на работна сила поради Ковид-19

Vecer | 24.01.2022

Американските компании се загрижени поради недостиг на работна сила поради Ковид-19

Малку повеќе од една третина од економистите на компаниите наведуваат дека најголем ризик за изгледите за раст е зголемувањето на случаите на Ковид-19, пред растот на цените, според кварталното истражување на Националната асоцијација за бизнис економија (НАБЕ) за деловните услови.

Во 2021 година, инфлацијата стана растечка грижа за американските потрошувачи и бизниси, делумно поттикната од глобалниот недостиг на стоки и тешкотиите во транспортот.

НАБЕ соопшти дека околу две третини од компаниите пријавиле раст на продажбата во последниот квартал од 2021 година, што е во согласност со последните три истражувања и е меѓу највисоките во 40-годишната историја на истражувањето. И речиси две третини од испитаниците изјавиле дека продажбата во нивните компании се вратила на обемот пред кризата.

„Позитивните резултати и изгледите доаѓаат и покрај јасно видливите дефицити, особено недостигот на работна сила", изјави шефот на студијата Јан Хогрефе.

НАБЕ утврди дека 57 отсто од испитаниците се соочиле со недостиг на квалификувана работна сила – 10 поени повеќе отколку во октомвриското истражување – додека речиси една четвртина се мачела да најде неквалификувана работна сила.

– И двата типа на недостиг на работна сила станаа позастапени во последната година, рече Хогреф, кој е и главен економист во Боинг Комерцијални авиони (Boeing Commercial Airplanes).

Речиси една третина од испитаниците очекуваат недостигот на работна сила да продолжи и во 2023 година или подоцна. Спротивно на тоа, само 11 проценти од компаниите веруваат дека проблемите во синџирот на снабдување ќе продолжат да постојат и следната година, а сличен дел од нив ги гледаат овие проблеми како голем ризик за влошување на нивната состојба. Различни се мислењата за тоа кога ќе завршат проблемите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk