logo
logo
logo

Американка ги оставиле двете деца во автомобил и отишла да краде,но возилото се запалило(ВИДЕО)

Vecer | 04.06.2023

Американка ги оставиле двете деца во автомобил и отишла да краде,но возилото се запалило(ВИДЕО)

Во извештајот за апсење се наведува дека Мур ги оставила децата во возило пред трговскиот центар околу пладне на 26 мај.

Таа и „непознат маж“ потоа наводно отишле во стоковна куќа и поминале околу еден час во кражба додека нејзиниот автомобил се запалил на паркингот. Кога го видела својот автомобил во пламен, ја „испуштила украдената роба“ и побегнала од продавницата, се вели во извештајот. Автомобилот бил уништен во пожарот, пишува Sky News.

Случајни минувачи им помогнале на децата да излезат од автомобилот, но едното дете се здобило со „изгореници од прв степен“. Во извештајот не е наведено колку години имаат децата. Мур сега се соочува со обвиненија за тешко занемарување на деца, како и за неповрзани обвиненија за кражба, напад и тепање на лице над 65 години.

Причината за пожарот не е позната, но во извештајот се објаснува дека невниманието придонело за повредите на децата и дека „пожарот настанал при извршување на злосторството од страна на мајката“. Нејзината кауција е одредена на 20.000 долари, а таа треба да биде изведена пред суд на 27 јуни, откако претходно се изјасни за невина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk