logo
logo
logo

Американец четири години живеел во трговски центар, никој не знаел за тајниот стан (ВИДЕО)

Vecer | 28.11.2022

Американец четири години живеел во трговски центар, никој не знаел за тајниот стан (ВИДЕО)

Тој осмислил сè пред повеќе од десет години кога го изгубил станот и морал да се снајде каде ќе продолжи да живее и како ќе најде ново место за живеење. Се сетил дека еднаш видел празна соба скриена меѓу ѕидовите на трговскиот центар на Род Ајленд додека се уште бил во изградба и решил да кампува таму.

Иако сето тоа се случил пред повеќе од десет години, Таунсенд дури неодамна одлучил да зборува за тоа. Станот во трговскиот центар Мајкл го опремил со телевизор, тросед, фотелји, конзоли за видео игри, а на просторот од 70 метри ги канел дури и своите пријатели.

Во четирите години колку што живеел таму, го користел тоалетот на трговскиот центар, бидејќи тоа било единственото нешто што го немал, како вода, во просторијата што ја реконструирал. Мајкл, кој е уметник, живеел многу добро и среќно четири години, но потоа направил голема грешка.

Во својот стан поканил уметник од Хонг Конг кого се обидел да го импресионира, но бил невнимателен при влегувањето во неговиот стан и на крајот бил фатен од компанијата за обезбедување.

Тој на крајот завршил на суд со низа прекршоци, но судијата бил импресиониран од она што го направил Мајкл и поминал само со предупредување. Но, трговскиот центар против него издал забрана за пристап.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk