logo
logo
logo

Американци изнајмиле стан во Сплит, па се снимиле: Еве што ги изненадило најмногу? (ВИДЕО)

Vecer | 19.09.2021

Американци изнајмиле стан во Сплит, па се снимиле: Еве што ги изненадило најмногу? (ВИДЕО)

Американски агенти за недвижности, брачната двојка Оана и Тод Милер поминале извесно време во Сплит, а својот престој таму го снимиле и објавиле на Јутуб. Имено, на видеото тие ги прикажале разликите помеѓу Далмација и САД.

Оана и Тод во видеото го спомнале и сајтот преку кој го изнајмиле апартманот во центарот на Сплит.

На почетокот тие зборуваат за презентација. Оана накратко го опишала местото во кое престојувале, а потоа и почнала да ги набројува специфичностите по кои Сплит се разликува од другите американски градови.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=gW7o0wV6BDM&feature=emb_title[/embed]

-Прво што ќе забележите кога ќе дојдете во Хрватска е дека нивните брави се различни од нашите. Потребно е да ја заклучите вратата од внатре со клуч – односно да го ставите клучот во брава. Кај нас бравите се затвораат од внатре без клуч, вели таа.

Таа и посочила дека станот е прекрасен и дека се простира на 55 квадратни метри.

-Станот нема централно греење но има единица која ја контролирате со далечински управувач, вели таа покажувајќи на клима уредот.

Исто така, овој брачен пар бил изненаден и од ролетните.

-Просторот се стемнува со овие ролетни, вели таа.

Станот кој го изнајмиле чинел од 400 до 500 евра месечно што според неа е цена слична со оние во САД.

-Хрватска е магична. Доколку не сте биле, ви препорачувам да ја посетите, заклучува Оана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk