logo
logo
logo

Креативно решение: Алкохолизирани возачи во Молдавија за КАЗНА работат во МРТОВЕЧНИЦА

Vecer | 15.08.2022

Креативно решение: Алкохолизирани возачи во Молдавија за КАЗНА работат во МРТОВЕЧНИЦА

Во Молдавија имаат голем проблем со возачите кои возат под дејство на алкохол. Па тие решија на најрадикален начин да стават крај на овој проблем.

Надлежните им нудат излез на возачите на кои им е одземена дозволата за возење под дејство на алкохол - можат да си ја вратат дозволата доколку платат околу 200 евра (просечната плата во Молдавија е околу 270 евра) и со тоа „да купат билет“ за посебна корективна програма.

Имено, тие  во болниците треба да им помагаат на жртвите од сообраќајни незгоди, а кога не им треба помош - што е често - ги пренесуваат на друго одделение. Тогаш мора да помогнат во мртовечницата, извршувајќи ја целата работа што вообичаено се работи таму (помагање во обдукција, транспортирање лешови...).

Програмата започна во главниот град Кишињев во 2019 година со шест возачи кои беа казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден дал отказ неколку минути откако почнал со работа во мртовечница, а друг изјавил:

"Ова е најтешката лекција во мојот живот. Завршив со алкохолот, никогаш повеќе нема да пијам, ниту капка. Не сакам да се вратам овде".

И тоа не е се - кога ќе ја завршат програмата, овие несреќници треба повторно да полагаат возачки испит.

Сега во Молдавија објавија дека оваа програма има одлични резултати. Од 2019 година досега го поминале дури 600 возачи, а потоа забележале само едно „повторување“. Така, само еден од возачите од шестотини кои поминале низ програмата им се вратил на старите навики за возење во алкохолизирана состојба.

Што мислите за овој начин на казнување? Дали тоа би дало резултати и во Македонија?Ќ

Фотоилустрација: принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk