Алиса има само 17 години, а НАСА веќе ја подготвува за лет на Марс

Девојче од Луизијана меѓу првите ќе слета на Марс во 2033 година.

Алиса Карсон е седумнаесетгодишно девојче кое НАСА во моментов го обучува да стане астронаут.

Нејзиниот сон е да биде првата личност која ќе слета на Марс, во првата експедиција која е планирана за 2033 година.

Иако има само 17 години, Карсон ги поседува сите квалификации кои и се потребни за извршување на оваа мисија.

Таа е првата личност која ги поминала сите 14 програми на НАСА центарот за посетители.

Исто така, Карсо на најмладиот дипломенц на Напредната Посум Академија, која и овозможува да патува во вселената како приправник астронаут.

Паралелно со обуката, Карсон го завршува средното училиште на четири јазици – англиски, кинески, француски и шпански.

„Најголем предизвик е времето и завршувањето на сите тие работи додека си млад и се уште во средно училиште" – изјавува Карсон.

Покрај школувањето и обуката низ која константно поминува, Карсон е и мотивациски говорник. Нејзината цел е да го зголеми интересот за истражувањето на вселената, како и да ги охрабри луѓето да се пронајдат себе си, пишува сајтот „Bored Panda".

„Секогаш следете го својот сон и не дозволувајте никој да ви го одземе" – советува таа.

Свесна дека никогаш нема да може да се венча и да основа семејство, одлучна е се да стави по страна за да ги оствари своите сништа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари