Актерот Стив Бушеми по нападот на 11. септември го направил најхуманиот потег во животот

Покрај тоа што е неверојатен актер, Стив Бушеми, е и голем човек, а тоа на дело го докажал по терористичките напади во Њујорк од 11 септември 2001 година, од кои денес се навршија точно 17 години.

Бушеми во осумдесеттите години на минатиот век работел како пожарникар, а еден ден по нападот на кулите близначки од Светскиот трговски центар, тој се јавил во својата поранешна станица за да им помогне на колегите. Актерот одработил 12-часовна смена и со останатите пожарникари под рушевините ги барал телата на загинатите и евентуално преживеани.

Кога некои од луѓето кои минувале побарале од него да се фотографира или да даде изјава, тој остро ги одбил поради тежината на ситуацијата. По некое време тој даде кратка изјава во врска со тој настан и неговата одлука.

„За мене беше привилегија да можам да го направам тоа. Беше прекрасно чувството повторно да се поврзам со екипата и момците кои порано ми беа колеги. Тоа многу ми помогна, затоа што додека бев на работа, немав многу време да размислувам за размериите на трагедијата која го погоди градот. Дури кога престанав, сфатив што се случило. Сето тоа ќе ми беше многу потешко доколку не направев ништо на тој ден“, изјавил актерот во една прилика.

Бушеми работел во станицата „Енџин“ лоцирана во квартот Мала Италија, во Њујорк. Со своите поранешни колеги останал во контакт и откако станал холивудска ѕвезда.  По катастрофата, Ејџ-би-о, направи документарец за пожарникарите кој се вика A good job.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари