logo
logo
logo

Актерката Меган Фокс никогаш „ПОЖЕШКА“, го прошета новиот дечко и ги остави сите без текст

Vecer | 19.05.2021

Актерката Меган Фокс никогаш „ПОЖЕШКА“, го прошета новиот дечко и ги остави сите без текст

Актерката Меган Фокс минатиот викенд го прослави својот 35-ти роденден во друштво на своето момче Машин Ган Кели.

Двојката вечераше во Санта Моника, а сите погледи беа свртени кон убавата актерка. Носеше црвена комбинација која совршено ги истакнуваше нејзините облини и беспрекорната линија.

Инаку, парот е во врска веќе една година, а папараците првпат ги фатија во јавност во мај минатата година. Извори блиски до актерката истакнале дека Меган никогаш не била посреќна, а таа и Машин Ган Кели имаат одлична врска полна со љубов.

Да потсетиме, Меган за Машин го остави нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин по 10 години брак со кого има три деца. Машин, чие вистинско име е Ричард Колсон Бејкер, има 12-годишна ќерка. Двојката првпат официјално се појави на доделувањето на Американските музички награди каде Меган откри и тетоважа посветена на нејзината нова љубов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk