logo
logo
logo

Актерката имала 2 услова да се врати во популарната серија: Ќе се изненадите што барала КИМ КАТРАЛ

Vecer | 04.06.2023

Актерката имала 2 услова да се врати во популарната серија: Ќе се изненадите што барала КИМ КАТРАЛ

Многу фанови на „Сексот и градот“ ги воодушеви веста дека ликот на Саманта Џонс, која ја толкува Ким Катрал, ќе се појави во серијата „И само така...“.

Саманта, како што е најавено, ќе се појави во последната епизода од втората сезона, во која има телефонски разговор со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер.

Page Six дознава дека Ким не се согласила само така да се врати во шоуто. Според нивните извори, актерката побарала да не снима со поранешните колешки, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон. Со нив е со години во кавга, особено со Сара.

Исто така, таа побара при снимањето на таа сцена, режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој инаку е многу близок со Сара Џесика Паркер, да не биде на сетот.

„Ким имала два услова, да не глуми со ниту една од нејзините поранешни колеги и да не се гледа со Мајкл Патрик Кинг“, вели изворот.

Ја спомнуваа Саманта и во првата сезона 

Ким ја играше Саманта, нескротливата публицистка и најдобра пријателка на Кери Бредшо, во „Сексот и градот“, а за таа улога доби и Златен глобус. Беше миленичка на фановите, но одби да се врати во серијата по обвинувањата дека се скарала со Паркер. Имено, Ким чувствувала дека таа и останатите актерки не се доволно платени, освен Сара која имала поголема плата од сите главни актерки, пренесува Индекс.

 

Kim Katral, Samanta Džons, Seks i grad

Во првата сезона  Саманта беше спомната во неколку наврати. Дадоа до знаење дека таа сега живее во Лондон и дека имала расправија со Кери откако повеќе не сакала Саманта да и биде ПР. Сепак, Кери во првата сезона неколку пати се слушнала со Саманта, која и и праќаше цвеќе на Кери откако почина Фаца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk