logo
logo
logo

Ако видиш маж да чисти по дома – ТОЈ ИМА С*КС

Vecer | 17.11.2021

Ако видиш маж да чисти по дома – ТОЈ ИМА С*КС

И покрај тоа што во денешно време мажите се повеќе се одлучуваат да помагаат во домот, сепак постојат многу мажи кои одбиваат да ги извршуваат и сметаат дека тие се исклучиво женски.

Сепак жените по се изгледа најдоа начин како да ги натераат своите мажи да работат низ дома, да чистат, перат или пак да пазарат или чуваат децата.

Новиот тренд кој забрзано се шири низ светот е тоа што жените почнале да ги уценуваат мажите, односно ако сакаат секс, тогаш ќе мора да работат и дома.

Американската инфлуенсерка Бри Диез објавила видео на Инстаграм во кое открива дека нејзиниот сопруг не може да има интимни односи со неа доколку не заврши дел од домашните обврски. Додека нејзината идеја од една страна предизвикала критики поради „нефеминистичкиот пристап“, една студија открива дека паровите кои ги делат домашните обврски навистина имаат подобар љубовен живот.

Истражувачите од Универзитетот Корнел откриле дека мажите кои тврдат дека завршуваат повеќе од една третина од домашните обврски имаат многу повеќе интимни односи од паровите во кои жената завршува 65 отсто или повеќе од обврските.

Експертката за интимни односи, Кит Тејлор, вели дека ако партнерот повремено треба да го натерате да ја вклучи правосмукалката, тогаш идејата за размена на домашни обврски за интимни односи е далеку позабавна. И тоа е многу помалку штетно за врската или бракот од бурните расправии, објаснува Тејлор.

Една од жените која ја применила оваа техника е и Никол Денит која живее во Лондон со својот партнер Метју Тарнер и нивните 4 деца од претходните врски. Како што вели Никол, животот со голем број обврски воопшто не е лесен за организирање.

„Требаше да понуди помош, но требаше и јас повеќе да побарам. Огорченоста растеше, а јас станував сè повеќе и повеќе исцрпена. Но, една вечер кога тој сакаше да бидеме интимни, а јас од бес го одбив, му кажав дека нема да имаме односи сè додека не се ангажира повеќе околу домот и обврските“.

Метју не ја сфатил Никол сериозно сè додека таа не му дала список на обврски кои требало да ги заврши.

„Знаев дека ќе успеам, толку е упорен што не може да одолее на идејата сега да ја „освојува“ забавата во спалната соба. Одлучивме оној кој ќе заврши најмногу домашни обврски може да избере излегување, да оди кај што сака и да прави што сака. Еднаш месечно се натпреваруваме и за преноќување во хотел“, објаснила Денит.

Освен наградата, Никол вели дека домот оттогаш е секогаш уреден и дека поради тоа има чувство дека ја контролира својата врска, но и дека не е уморна и исцрпена. Метју вели дека ваквиот вид размена ги решила нивните кавги и му дала доза забава на бракот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk