„Ако умре нашиот татко ти си виновна“: Меган Маркл во центарот на новиот скандал што ја тресе Британија

Конфликтот меѓу Меган Маркл и нејзината полусестра Саманта не престанува, па нов скандал ја тресе Британија.

Меган и принцот Хари неодамна во Лондон ја посетија изложбата посветена на Нелсон Мандел и му оддадоа почит, што беше повод Саманта јавно да и се обрати на војвотката од Сасекс.

„Им оддаваш почит на другите што веќе ги нема, но не и на твојот татко? Однесувај се како хуманитарка и како жена. Ако умре нашиот татко, тебе ќе те сметам за виновна, Меган”, напиша на социјалните мрежи, Саманта Маркл.

Меган Марл и нејзиниот татко Томас Маркл долго време не се во добри односи, а Саманта ја обвинува својата полусестра за неговото лошо здравје.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари