logo
logo
logo

Ако сте возач на камион и автобус СЕГА ВИ Е ШАНСАТА - ОВА СЕ 7 „ВЕТЕНИ ЗЕМЈИ“ ЗА ВАС

Vecer | 27.11.2021

Ако сте возач на камион и автобус СЕГА ВИ Е ШАНСАТА - ОВА СЕ 7 „ВЕТЕНИ ЗЕМЈИ“ ЗА ВАС

Ако размислувате дали да станете возач на камион или автобус можеби сега ви е шансата, бидејќи оваа работна сила е барана повеќе од кога било, а пазарниот дефицит е очигледен и покрај новите поволности и повисоките плати кои ги нудат компаниите.

Многу возачи на камиони/автобуси од регионот со години (децении) одат на работа во странство, а пред се такви има во Германија, Австрија, Швајцарија, бидејќи оваа професија се бара таму, а е многу подобро платена.

Според сегашните податоци за 2021 година, моментално има 7 „ветени земји“ во фокус за овие професионалци:

Австралија

Транспортниот бизнис во оваа земја цвета повеќе од кога било. Верувале или не, просечната плата на австралиски возач на камион може да биде и до 70.000 американски долари и се зголемува доколку стоката се префрли од една во друга земја. Ако одлучите да возите меѓудржавен камион, вашата плата може да порасне до 100.000 долари годишно.

Норвешка

Норвешка нуди речиси најдобри можности за вработување во сите сфери, пред се поради својот стабилен економски систем. Возачите на камиони работат пет дена во неделата и не повеќе од 7,5 часа дневно, а нивната просечна плата е 58.000 долари годишно. Од друга страна, бројката е поголема доколку возачите се спремни да работат дополнителни часови – тогаш можат да заработат и до 90.000 долари.

САД

Американската економија во голема мера зависи од транспортот на стоки и услуги, така што побарувачката за возачи на камиони редовно се зголемува. Силната транспортна индустрија во САД се очекува значително да порасне во наредните години, така што дефинитивно им се потребни овие професионалци. Просечната плата на возач на камион во САД е околу 53.000 долари.

Канада

Една од најинклузивните и најразновидните земји во светот, Канада е „жешка точка“ за започнување бизнис и транспортна индустрија. Кога станува збор за овој сектор, возачите на камиони се добро платени. Просечната годишна плата на возач на камион е 56.000 долари за 12 месеци, а ако одлучите да бидете локален камионџија за подигање и испорака на стоки - можете да заработите речиси 40.000 долари. Вашата плата во Канада зависи и од вашето работно искуство. Ако станете возач на камион на долги релации, вашиот годишен приход може да достигне и до 100.000 американски долари.

Швајцарија

Тоа не е само една од најубавите земји во светот, туку и една од земјите со највисока плата за возачи на камиони. Како странец кој работи во Швајцарија, можете да заработите во просек по 64.000 долари. Сепак, во зависност од вашето искуство, работното време и типот на возилото, може да имате до 90.000 долари годишно. Имајте на ум дека километражата игра клучна улога во одредувањето на приходите.

Шведска

Просечната годишна плата на камионџиите во Шведска може да биде и до 33.000 долари, а оваа земја, инаку, е домаќин на двете најголеми камионски компании во светот. Бидејќи полето на транспорт е доста добро развиено, камионџиите се барани и ценети.

Холандија

Во една од најбогатите земји во светот, поточно во 17-та по големина економија во светот, ако сте возач на камион - ќе најдете многу можности за работа. Просечната плата што можете да ја очекувате е повеќе од 40.000 долари годишно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk