logo
logo
logo

Бурманска астрологија

Ако сте родени во среда тогаш сте многу посебни. Еве што кажува за вас денот на вашето раѓање

Vecer | 18.05.2021

Ако сте родени во среда тогаш сте многу посебни. Еве што кажува за вас денот на вашето раѓање

Вообичаената западна поделба на 12 знаци на Зодијакот во Бурма (денешен Мјанмар) не се применува - тие своето „читање на судбината“ го темелат на 8 знаци, потпирајќи се на 8 планетарни енергии и на 8 страни на светот.

Секој од осумте знаци во бурманска астрологија е поврзан со животно, а за да откриете кое сте, мора да откриете кој ден во неделата бил кога сте родени.

Исто така, треба да знаете дали сте родени пред пладне или напладне, ако сте родени во среда, бидејќи само овој ден е поделен на две - затоа што според бурманската астрологија, сè е во знакот на бројот 8, па оттука и 8 дена во неделата.

Понеделник - Тигар

Вие сте претпазливи, интелигентни и исклучително интуитивни. Ваши доблести се со трпеливоста и силата. Не можете да поднесете луѓе кои залудно го трошат своето време, но и оние кои се обидуваат да ве искористат. Кога ќе си поставите цел, систематски пристапувате кон нејзиното достигнување. Вие сте одговорни и не сакате да кршите закони и општествени норми.

Вторник - Лав

Вие сте роден лидер, горд, благороден, достоинствен и чесен. Вашата волја е како челик, и вие сте многу сигурни во себе. Сакате   предизвици, особено оние од кои другите бегаат.

Среда од 00 до 12 - Слонче

Родени сте под среќна ѕвезда, исполнети сте со ентузијазам и сакате да бидете во центарот на вниманието. Сакате да „играте со оган“, затоа што така ги тестирате сопствените граници. Вие сте од оние луѓе кои сакаат да ги контролираат другите, но бурно реагирате кога некој ќе ви го направи тоа. Вие сте исклучително независни.

Среда од 12 до 24 часот - Слон

По природа сте контрадикторни и тешко е да разберете што се случува во вашиот ум. Вие сте многу таинствени и не сакате кога другите луѓе се мешаат во вашиот живот. Успешни сте во приватниот бизнис, одлични во презентирањето на своите таленти и склони сте да направите сè на свој начин.

Четврток - Стаорец

Вие сте духовити, брзи и интелигентни. Покрај тоа, вие сте снаодливи и можете да бидете флексибилни кога проценувате дека ќе имате корист од нешто. Вие сте упорни, амбициозни и знаете како да го постигнете она што сте го наумиле.

Петок - Морско прасе

Вие сте уметничка душа, имагинативни сте, иновативни и полни со нови идеи. Луѓето ве сакаат затоа што сте симпатични, љубезни, емпатични, дружеубиви и испуштате убов. Понекогаш сте многу неодлучни, односно не знаете што точно сакате во животот.

Сабота - Змеј

Имате филозофски ум, исполнети сте со самодоверба, духовит и харизматичен. Вие сте полни со разбирање за другите луѓе и ситуациите во кои тие се наоѓаат. Сакате да работите самостојно, единствениот начин на кој сте сигурни дека сте завршиле добра работа.

Недела - Геруда

Геруда е митска птица, божество, која може да се најде во културното наследство на жителите на Индија и Бурма.

Вие сте љубезни и дарежливи по природа. Сакате предизвици, особено оние кои бараат многу посветеност - тогаш сте особено мотивирани, пишува Атма. Вие сте енергични и не дозволувајте лошите ситуации да ве обесхрабрат. Вие сте добри ментори и ги инспирирате другите вонредно.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk