logo
logo
logo

Ако сте под стрес, еве го спасот! Интимните односи се РЕШЕНИЕ

Vecer | 03.06.2023

Ако сте под стрес, еве го спасот! Интимните односи се РЕШЕНИЕ

Вечното прашање, колку интимни односи се доволни, како неделно, така месечно, па и годишно. Општо е познато дека водењето љубов позитивно влијае на бројни процеси во телото - меѓу другото, го намалува и секојдневниот стрес.

Стресот е наречен „тивок убиец“ со причина - иако влијае на секого различно, студиите покажаа дека може да доведе до мозочен или срцев удар во тешки случаи. Честопати, ако сме вознемирени и преоптоварени, а нашиот мозок, или подобро кажано, мислите едноставно не престануваат да се вртат, интимните односи се последното нешто што сакаме да го направиме.

Сепак, експертот за односи Трејси Сенсбери вели дека луѓето треба да имаат повеќе интимни односи, наместо да ги одбиваат затоа што се чувствуваат под стрес. Таа истакна дека сексот три пати неделно може да направи чуда за намалување на стресот.

Допаминот, окситоцинот, серотонинот често се нарекуваат „хормони на среќата“, но тие исто така ќе ве направат поотпорни на стрес, вели таа, додавајќи дека дури и мал контакт тело со тело може да ги активира овие хормони. Како што истакнува овој експерт, тоа не мора да биде нужно романтично водење љубов. Тоа може да биде брза работа на софата или во кујната. Не мора да биде во кревет навечер, пред спиење.

seks

Исто така, не се само хормоните тие кои можат да помогнат - повторното откривање на поразиграната и забавна страна од себе, исто така, може да го намали нивото на стрес. Исто така, важно е интимноста да биде дел од неделната рутина.

– Можеби мислиме дека немаме доволно време за интимни односи кога сме под стрес, но тие се навистина многу важни, истакнала Трејси. И експертите претходно ја охрабруваа интимноста како начин за подобрување на здравјето на срцето, борбата против инфекции, па дури и борбата против почетокот на менопаузата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk