Се е веќе пресметано, или судбински предодредено

Ако се венчаваш на овие датуми и денови, бракот нема да ти успее

Ha Универзитетот во Мелбурн спроведено е интересно истражување за бракот. Научниците co оваа студија се занимавале дури 14 години, а за да дојдат до резултатите тие темелно го следеле холандскиот регистар на бракови, но и разводи.

Врз база на статистичките податоци тие заклучиле дека постојат одредени денови на кои брачната заклетва е осудена на пропаст. Односно, процентот на разводи кај паровите кои склучиле брак во одредени денови, како што е Денот на вљубените е петпати зголемен.

Освен на 14 февруари, (41% од луѓето се развеле) несреќен датум за случување на брак е 8.8. или 11.11. Потпишување на брачниот документот на овие датуми има голема можност да заврши со развод дури за 30%.

Кои се идеални датуми за венчавка во 2018 година

Конечно го добивте посакуваниот предлог за венчавање? Сега, пред да речете „да" треба да размислите за организирање на свадба како од бајките. Потребното време за организирање на таква свадба е најмалку 3-4 месеци, а тука спаѓаат и изборот на венчален фустан, декоративно цвеќе, локација, мени што може да ги задоволи гостите, па се до листата на гости. Првиот чекор е да се избере најсоодветен термин за венчавка, земајќи ги предвид и празниците, но исто така и суеверието, со цел да го закажете најсреќниот датум за среќен и долг брак.

Еве некои критериуми за избор на најдобри датуми за свадба во 2018 година.

Избор на годишно време

На почетокот на авантурата, идните невести често се наоѓаат со календарот во рака запрашувајќи се дали е подобро да се венчаат в лето или во зима. Двата избори имаат некои свои предности (и недостатоци). Ако изберете летна свадба, без сомнение главната предност е во пријатната температура, особено во вечерните часови, но и во изборот на цвеќиња и зеленило за декорација. Идеално е ако се одлучите за вечерна свадба, со можност за забава на отворено. Да не го споменуваме изборот на венчалниот фустан кој вклучува лесни материјали, свила, модели без ракави...

Оние пак, кои повеќе би сакале зимска свадба наместо летна, треба да се простат од орагнизирање на настани на отворено, но во затворените простории има повеќе место за организирана декорација и добар одговор за „се да биде како под конец". Тогаш, акцентот се става на цветните декорации, менито, но и на свадбената торта. Според некои статистики, зимските свадби чинат помалку отколку летните, па тука е и нивната предност, особено ако ја вклучиме логистиката (од рестораните) и не толку широката листа на гости.

Популарни астролошки верувања за деновите од неделата

Настрана од практичната страна за закажување на датум за свадба, ако сте љубопитни би можеле да ги „проучите" и популарните народни верувања кои сугерираат кога е препорачливо да го прославите вашиот брак.

Понеделник е ден посветен на Месечината и затоа е носител на добро здравје, што значи и здрав и плоден брак. Вторник под влијание на Марс може да донесе кавги во бракот, среда е под владеење на планетата Меркур носи разумен, креативен и складен брак, четвртокот пак, е под влијание на Јупитер, носи голема среќа во брачниот живот и големо семејство. Иако петокот е под влијание на планетата Венера и астролошки гледано би требало да донесе голема љубов во бракот, христијанските верници го избегнуваат овој ден бидејќи се смета за ден на покајанието. Сабота, според популарните астролошки верувања, е ден со кој владее планетата Сатурн, и со тоа е најнеповолниот ден за свадби, додека неделата, со која владее Сонцето, е благонаклонета и совршена за свадбени прослави.

Астролошки и суеверен избор на идеалниот месец за свадби

Популарната астрологија ни дава совети и како да го избереме вистинскиот месец за свадба. Јануари е месец кој носи љубов, лојалност и љубезност, февруари е месец на љубовта и љубовниците па оттука и овој брак може да е послободен и исполнет со флертови, месецот март за свадби е подобро да се избегне, бидејќи тој би можел да донесе болка за двојката. Април пак, е носител на ведрина и радост, а мај, спротивно на она што може да помислиме, е месец кој сепак треба да се избегне, за разлика од јуни кој дава заштитита на бракот и брачната љубов.

Оние кои ќе стапат во брак во јули ќе мора да работат напорно за да заработат за живот, август, ќе донесе многу промени за младенците, но во домот ќе им царува топлина, браковите склучени во септември го промовираат богатството и среќата, октомври е носител на љубов, дури и ако парите се реткост. Ноември гарантира среќен брак, додека декември е месец на вечна љубов и совршен е за свадби.

Традицијата уште вели дека мора да се заколнеме на вечна љубов пред зајдисонце за да ја осигураме среќата, но и дека никогаш не треба да се венчаваме на роденденот на еден од брачните другари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари