Ако се плашите од змии, ова ќе биде вашиот најголем хорор: Змија со две глави сее страв (ВИДЕО)

Во американската држава Вирџинија, неодамна била пронајдена двоглава змија, за која научниците утврдиле дека има два дишника и два хранопроводника, но едно срце и еден пар бели дробови.

Змијата минатата седмица во својот двор ја пронашол еден Американец кој ги повикал надлежните, кои потоа го однеле рептилот во Центарот за диви животни.

Змијата потоа била префрлена во болница, каде и се вршат тестови. Биолозите веруваат дека двете змиски глави можат да нападнат и да исфрлат отров.

Двоглавите змии се многу ретки појави затоа што не живеат долго, а оваа најверојатно ќе заврши во зоолошка градина, шо би можело да и гарантира подолг живот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари