logo
logo
logo

Ако сакате да се чувстувате ФИЛМСКИ и како КЕВИН во „Сам дома“ изнајмете ја куќата! Еве колку ќе ве чини

Vecer | 02.12.2021

Ако сакате да се чувстувате ФИЛМСКИ и како КЕВИН во „Сам дома“ изнајмете ја куќата! Еве колку ќе ве чини

Како празничен специјалитет Аирбнб понуди да се изнајми куќата од култниот филм „Сам дома“, што за многумина ќе биде остварување на сонот од детството. Заинтересираните ќе можат да се обидат да ја резервираат куќа од вторник, 7 декември во 13 часот на платформата Аирбнб. Аранжманот е за четири лица, а ноќевање во оваа средина ќе чини 25 долари.

Како што навестува сценографијата на филмот, гостите во ова „сместување“ во најава ги очекува возбудлива авантура.

„За прв пат, тим од луѓе може да резервира одмор во безвременската куќа каде што започна приказната „Сам дома“ (овој пат без досадни натрапници).  Гостите ќе можат да уживаат во пријатна празнична сцена со совршена елка, многу стапици , најдобрата пица во Чикаго и средба со тарантули. После тоа, седнете и уживајте гледајќи ја најновата празнична авантура од филмската франшиза“, велат од Аирбнб и преку фотките и видеото нудат можност да ѕирнете во легендарната куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Airbnb (@airbnb)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk