logo
logo
logo

ДОКАЖАНО ПОМАГА

Ако сакате да ослабете, ПЛАЧЕТЕ!

Vecer | 03.04.2021

Ако сакате да ослабете, ПЛАЧЕТЕ!

Плачењето освен тоа што ја олеснува психичката состојба, се покажа дека ја одржува здравата тежина.

Според д-р Пит Сулак од Универзитетот во Тенеси, плачот го намалува нивото на кортизол во организмот, што помага за топење на вишокот тежина. Кортизолот кој се лачи при стрес, е познат по тоа што ги задржува мастите во телото.

Плачењето, исто како потењето и уринирањето, помага и при исфрлање на потенцијално штетните токсини од организмот, па има сеопфатен благотворен ефект. Треба да разликуваме различните видови солзи. Само оние предизвикани од емоциите и стресот, помагаат при слабеење.

Солзите од иритација на окото немаат ист ефект. Според Пит Сулак најкорисно е да се плаче меѓу 19 и 22 часот, кога луѓето се во друштво на блиски. За стимулирање на процесот може да се гледа некој тажен филм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk