logo
logo
logo

Ако сакаш да играш видеоигри, ЌЕ ПРАВИШ СЕКОЈ ДЕН 12.000 ЧЕКОРИ (ВИДЕО)

Vecer | 23.01.2022

Ако сакаш да играш видеоигри, ЌЕ ПРАВИШ СЕКОЈ ДЕН 12.000 ЧЕКОРИ (ВИДЕО)

Речиси секој родител има свои воспитни методи со кои го учи детето на одредени вредности, работи, однесување, навики...

Веројатно многу пати сте слушнале дека родител вели: „Можете да играш надвор, но само кога ќе ја завршиш домашната задача“, сепак, една мајка решила да оди чекор понатаму.

Имено, мајката која е регистрирана како „themarienfam“ на социјалната мрежа TikTok објави видео на кое се гледа како момче трча на лента за трчање.

– За да игра игри за време на викендите, мора да оди или да трча по 12.000 чекори секој ден – напишала под видеото каде добила лавина негативни коментари.

- Во ред е детето да се движи, но оди со него во парк, запиши го на некој спорт..., но немој да го правиш ова. Кога ќе порасне, ова ќе биде настан за кој ќе разговара со психијатар, бидејќи ќе остане со траума - напишала една жена.

- И уживаш да гледаш дете како оди со километри по лентата? Жено, можеби треба да се запрашаш дали ова е добро за него и неговата психа – додала друга.

Мајката на момчето решила да одговори на коментарите и да ја објасни ситуацијата:

- Не мора да трча и да оди секој ден, но мора да биде активен. Јас сум професорка по физичко и немате поим колку се нездрави децата.

Неколку луѓе се согласиле со неа, па ја поддржале во овој метод.

@themarienfam Yes, ges rubning in crocs. 🤣 #videogames #boymom #workout #momlife ♬ Good Day - Nappy Roots

- Ова е навистина за пофалба. Не е важно каде трча или оди, важно е да го прави тоа – напишал еден човек.

- Можеби ќе им го направам на моите деца. Одлична идеја – напишала една мајка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk