Жената има и друга страна

Ако неќеш да ја збеснеш, никогаш не и приговарај за...

Врските значат компромиси, но исто така значат и да се одбере своја сопствена битка. Бидејќи мажите и жените размислуваат различно, се однесуваат различно па дури и се расправаат различно, нештата можат да се изгубат во преводот. И кога тоа ќе се случи, сцената е: таа плаче, а тој е збунет и нервозен. Можеби мажите никогаш нема во потполност да ги разберат жените, но можат да ги разберат нејзините ,,забранети теми". Ако ги избегнете следните 10 жешки теми, ќе сочувате многу потрошена енергија и време.

Нејзиниот стил
Не само што вашата девојка има право да ве облече како што таа сака туку е и нејзина одговорност вие да изгледате добро. Но затоа што таа вам ви го прави тоа, не значи дека истото и вие можете да и го правите нејзе. Всушност, би требало да ги избегнувате сите негативни забелешки за нејзиниот стил на облекување. Да, ова е двоен стандард, но кој рече дека врските се фер?
Нејзиното готвење
Не секоја жена може да направи јадење исто толку добро како она на вашата мајка, но во ниеден момент не смеете да го споредите нејзиното со готвењето на мајка ви. Второто никогаш е: не навредувајте го нејзиното готвење, туку џвакајте и смејте се!

Нејзините/вашите поранешни партнери
Ништо добро нема да произлезе ако го критикувате нејзиното поранешно момче. Тој можеби не бил најдобар, а можеби дури и ја мамел, но чепкањето по нејзиното минато само ќе направи таа да се однесува дефанзивно. Тоа е нејзин живот, нејзина грешка, па нека остане на тоа. Уште нешто, во никој случај не ни помислувајте да ги споредувате своите поранешни со сегашната девојка. Тоа е исто толку лошо, како и да изговарате друго име додека сте во кревет со неа. Навлегувате во многу опасна зона. А ако сепак ви се случи ова - молете за прошка!

Генерализирање на жените
Дали вие и вашата девојkа започнувате караница секој пат кога ќе влезете во автомобил? Ако е така, престанете да го критикувате нејзиното возење и навигациски способности. Жените можеби не ги читаат патоказите и мапите како мажите, но ако ја обвините дека возењето е преголем предизвик за неа, не само што ја навредувате лично, туку вие го навредувате целиот женски род, а со тоа ќе ја натерате да се бори против вас. Друга генерализација која треба да ја избегнувате е дека жените се премногу емотивни и дека многу зборуваат.

Нејзините финансии
Нејзините пари не се ваши пари. Ако сака да потроши 200 евра на чифт чизми, тоа е нејзина привилегија. Можеби не го оправдувате ова и сосема е во ред доколку не почнете да пререкувате. Ниту таа не е фасцинирана од вашиот автомобил и сета таа скапа опрема, затоа кога се работи за финансиите - замолчете!

Нејзините пријатели
Ако немате ништо добро да кажете за нејзините пријатели, тогаш не кажувајте ништо. Можеби се озборувачки, но ако се осудите тоа јавно да го изнесете се соочувате со можноста да бидете отфрлен. Но, како што таа мрази да слушне нешто лошо за своите пријателки, дотолку повеќе мрази да слуша колку добро тие изгледаат колку се слаби, секси или згодни.

Вашето решение за нејзините проблеми
Кога таа се жали од нејзиниот неподнослив шеф, вие како добар партнер и нудите неколку решенија за решавање на проблемот. Вашите намери се добри, но таа почнува да се лути. Што се случува? Таа не ви го кажува проблемот за вие да го решите, таа само сака вие да потврдите. Затоа само слушајте и климнувајте со глава одвреме-навреме. Запомнете: Таа бара поддршка, а не лош совет.
Нејзината појава, изглед
Ако се уште не сте сфатиле, жените се многу чувствителни кога станува збор за нивната тежина и коса. Затоа ако таа ви го постави типичното прашање ,,Дали задникот ми изгледа голем во овие панталони?"- таа не сака вие да бидете искрени, туку од вас бара само потврда дека ја сакате без разлика на се. Со други зборови, вашиот одговор секогаш би требало да биде: ,,Дебела? Се шегуваш? Изгледаш неодоливо!''

Нејзиното семејство
Има едно многу едноставно правило кога станува збор за нејзиното семејство, а тоа е: молчи и трпи. Дури и ако само се согласите со нешто што таа ќе го каже за своето семејство или, пак, се пошегува на негова сметка, таа се што ќе кажете ќе го смета за негативно бидејќи со критикувањето на нејзиното семејство вие ја навредувате неа.

Нејзиниот ПМС
Најбрз начин да започнете караница е да го поставите забранетото прашање: ,,Имаш добиено?". Да таа можеби се однесува по малку емоционално, но ако се обидете да кажете дека нејзините хормони раководат со нејзиното однесување само ќе ја доведете до работ. Иако таа самата ќе ви каже дека е ,,оној ден од месецот"', таа всушност се обидува да ви каже нешто навистина важно.

Поврзани

Најнови вести

Коментари