Предупредувачки аларм

Ако на вашиот организам му фали витаминот Б12, тоа е знак за појава на бели влакна

Белата коса која моментално е моден хит меѓу славните, за некои луѓе тоа претставува вистински ужас.

Белата коса која моментално е моден хит меѓу славните, за некои луѓе тоа претставува вистински ужас.

Проблемот со кој се сретнуваат голем број на млади во дваесетите и раните триесети години се белите влакна. И покрај тоа што се вели дека белите влакна се појавуваат бидејќи стареете, тоа не е вистина бидејќи бројката на млади кои се соочуват со овој проблем драстично се зголемува. Тие се појавуваат најчесто поради начинот на живот, стрес, но и поради генетиката. Луѓето кои имаат бел тен побрзо ќе им се појават белите влакна како и оние кои се под стрес. Тоа може да доведе и до опаѓање на косата.

Главниот виновник за тоа е недостатокот на витаминот Б12 во организмот. Недостатокот на овој витамин предизвикува намалување на црвените крвни зрнца во телото што доведува до анемија. Еден од симптомите е вусшност белата коса која може да се запримети кај младите. За да го спречите тоа се препорачува редовно конзумирање на намирници кои се богати со овој витамин како што е црвеното месо, морски плодови, јајца и млеко.

Пред да посегнете по фарба за коса, пробајте да утврдите и да дознаете што ја предизвикува таа појава бидејќи можат да се кријат и здравствени проблеми.

Рецепт за домашно третирање на косата

- Исто така, можете да направите и домашен шампон од јајца. Односно, едно јајце изматете го заедно со малку вода и втријте на косата. Оставете да делува 30 минути и измијте ја косата со шампон.

- Коренот на косата можете да го измасирате со кокосово масло, почекајте пола час и потоа добро исплакнете.

Поврзани

Најнови вести

Коментари