Според извештајот на „Варизона“ од 2017-та година, околу 81 отсто од пробиените шифри биле поврзани со слаба безбедност на лозинката, а со зголемувањето на работата на далечина, како и учењето онлајн за време на пандемијата - тоа е лоша навика која треба да ја искорените.
„ID Agent“, компанија за 'dark web' надгледување, во сопственот на ИТ софтверската компанија „Kaseya“, вели дека ги идентификувале најчесто крадените лозинки пронајдени на 'dark web' во 2020-та година врз основа на скенирање на речиси 3 милиони лозинки.
59 отсто од Американците во лозинките користат име или роденден, додека 33 отсто вклучуваат имиња на домашниот миленик, а 22 отсто го користат сопственото име, истакнува компанијата. Просечен корисник исто така повторно ја користи својата лозинка 14 пати.
Еве ги 20-те најчести, кои по секоја цена треба да ги избегнувате:
123456
password
12345678
12341234
1asdasdasdasd
Qwerty123
Password1
123456789
Qwerty1
:12345678secret
Abc123
111111
stratfor
lemonfish
sunshine
123123123
1234567890
Password123
123123
1234567
Некои од советите вклучуваат:
- избегнувајте користење имиња
- измешајте ги броевите за да не бидат во низа
- направете единствена лозинка за секој случај
- користете алатка за управување со лозинки (бидејќи никој не може да запамети сè).