logo
logo
logo

Ако имаш дечко, жити се немој...

Vecer | 24.02.2021

Ако имаш дечко, жити се немој...

1. Да го влечкаш секогаш да излегува со тебе и другарките.

2. Да го бомбардираш со заеднички фотки на Фејсбук.

3. Да му го тупиш за бивши и ПМС.

Излегување со твоите другарки – ОK е еднаш или двапати да го земеш со тебе и со другарките – ако ептен си му по мерак ќе биде фин, љубезен и внимателен кон нив.

Наредниот ден ќе ти се јават, ќе ти кажат дека супер си прошле и дека сте супер пар. И тука треба да престанеш. Немој после пет дена да го викнеш пак, ем него ќе му биде досадно, ем и ти и другарките нема да се опуштите.

Престани да тупиш за ПМС – Иако тебе ти е најнормално веднаш да почнеш да плачеш како ти е тешко во ПМС и сè те боли и си гладна и ти се плаче, не мораш на дечко ти да му зборуваш за истото. Ниту може ниту треба да сочувствува со тебе, затоа прејди преку тоа веќе еднаш и не кенкај.

Не го интересираат твоите поранешни – Супер е кога седиш со другарките на кафе и го озборуваш тековниот дечко, па во муабет се уфрла и тема за некој поранешен. Ама твојот нов дечко никогаш, ама баш никогаш нема да сака да слуша за поранешниот. Плус ако е од оние несигурните, ќе го утепаш на лице место.

Не го плаши на Фејсбук – Пројдоа 6 месеци откако сте заедно, не можете да ги тргнете рацете еден од друг, сексот е неверојатен, во облаци си.

И ти текнува да ставиш заедничка слика на Фејсбук. Ова е искушение на кое мораш да му одолееш, освен ако не сакаш да го оттргнеш од себе. Дури и ако ти каже дека идејата е слатка, лаже. Сите ќе го зезаат, а нема потреба. Полека, ако тој е вистинскот ќе ставаш потоа фотки од свадбата.

Уште малку на тема Фејсбук

– Си имала живот пред него, а друштвените мрежи се совршен потсетник на тоа. Сигурно веќе одамна искролал се што имаш на тајмлајн, вклучувајќи ги и фотките со бившите, пијаните журки и слично. Немој да практикуваш постирање на #tbt (Throwback Thursday) работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk