logo
logo
logo

Ајвар - колку калории има?

Vecer | 26.09.2021

Ајвар - колку калории има?

Бидејќи домашниот ајвар се прави само од зеленчук и малку масло, нема многу калории. Содржи протеини, јаглехидрати и масти кои се неопходни за секој здрав организам.

Во 100 грама домашен ајвар, има од 80-130 калории, во зависност од рецептот според кој се произведува. Затоа зко уживате во вкусот на ајварот продолжете и понатаму бидејќи нема да ви ја зголеми телесната тежина, под услов да се консумира умерено.

Ајварот уште е богат и со витамин Ц, кој го има во пиперките, а тој витамин го зајакнува имунитетот и целокупното функционирање на организмот. Богат и со витамин А, кој го има во доматите. Модариот домат, кој е исто така дел од традиционалниот рецепт ја обезбедува потребната количина на витамин Б2 и фолна киселина. Ајварот содржи и корисна количина на растителни влакна. Одличен избор за сите оние кои не јадат свеж зеленчук или салати, како одлична замена.

Вредните нутритивни состојки кои пиперката ги има на телото делуваат како антидепресив, антисептик, диуретик и моќен афродизијак. Црвената, жолтата, зелената, бабурестата, кратката месести или „малите пргави“ пиперки се составен дел од секоја кујна поради вкусот и изобилството на витамини, поради што со право се нарекуваат и природен лек за многу болести.

Единствен проблем може да биде тоа  што ајварот оди совршено со леб и сиренце!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk