logo
logo
logo

“АЈКУЛАТА НЕ Е ВИНОВНА, А ЈА УБИЈА“ Србинка која е во Египет се огласила на социјалните мрежи: Еве што се случило

Vecer | 04.07.2022

“АЈКУЛАТА НЕ Е ВИНОВНА, А ЈА УБИЈА“ Србинка која е во Египет се огласила на социјалните мрежи: Еве што се случило

На социјалната мрежа ТикТок една Србинка, која се наоѓа во Хургада, поделила со следбениците детали за напад на ајкула на жена.

Татјана Божин се огласила на социјалната мрежа ТикТок и објаснила како поточно се случил нападот на ајкулата на жена во Египет.

Таа се огласила од Хургаде и ги поделила со своите следбеници сите детали.

“Ајкулата нити и ја одгриза на жената раката, нити ногата. Таа пливала во недозволено време, во седум часот, тука капењето е дозволено до шест часот. Во тој дел се корални гребени. Таа прерипала еден дел од гребенот, да влезе во тој дел на морето. Меѓутоа, ајкулата која неа ја гризнала се храни рано наутро или навечер бидејќи на белата ајкула и смета сонце. Така дошло до контакт на ајкулата и жената“, раскажала таа и додала:

“Ајкулата ја гризнала за бутот, за артерија и жената искрварила. Починала во болница од адреналински шок, срцето веројатно и застанало и искрварила. Ајкулата не е виновна, жената е виновна што не ги почитувала правилата. Како што велет овде, ние треба да го почитуваме морето, бидејќи ние сме посетители на морето, а не да се однесуваме како што ние сакаме. Ајкулата е убиена, но велат, кога ќе се случи напад тие ја чипуваат, ја враќаат во море и го следат нејзиното движење во случај да не се случи напад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk