logo
logo
logo

УЖАС ВО ЕГИПЕТ

Ајкула УБИ турист во Хургада: Видео од нападот кружи на интернет

Vecer | 08.06.2023

Ајкула УБИ турист во Хургада: Видео од нападот кружи на интернет

Русин (23) е убиен денеска од ајкула во познатото египетско летувалиште Хургада. Со него била и неговата девојка, која, за среќа, успеала да побегне.

Туристите со ужас од брегот гледале како ајкулат атигар го нападнала човекот пред да успее да го одвлече во водата. Туристот е по потекло од Русија и, според медиумите, долго време престојувал во Египет.

Неговиот татко го гледал фаталниот напад додека тој очајно извикувал „Тато, тато“ додека предаторот го лови, пишува Сан.

На снимката која кружи на интернет се гледа како неговата девојка хистерично плаче на плажата додека случајните минувачи се обидуваат да ја утешат по грозоморната сцена.

Внимавајте, видеото е вознемирувачко.

 

 

На туристите кои во моментов престојуваат таму им е забрането да влегуваат во водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk