„Ајфонот“ зрачи повеќе од „самсунгот“

Расправата за тоа колку зрачат паметните телефони и се води веќе со години. Произведувачите тврдат дека нивните уреди се сигурни и во склад со сите прописи, но лекарите сепак предупредуваат дека треба да бидеме внимателни доколку предолго ги користиме.

Германската сојузна канцеларија за заштита од зрачење направи база на голем број паметни телефони и нивото на зрачење што секој од нив го емитува. Некои од уредите емитуваат високи фреквенции, особено за време на телефонскиот разговор, а други се попристојни и може да се карактеризираат како безопасни.

Меѓународната комисија за заштита од нејонизирано зрачење (ICNIRP) уште од 1998 година препорачува дека нивото на апсорпција на електромагнетно зрачење не смее да преминува два вата на килограм.

Иако ниту еден паметен телефон што во моментот е на пазарот не го надминува тоа ниво, некои се поблиску до границата од други. Помеѓу уредите што најмногу зрачат за време на разговорот се моделите на OnePlus, Huawei, Nokia, како и Apple iPhone.

Од друга страна, најмалку зрачат моделите на Samsung, Google, ZTE и LG.

На страницата на Канцеларијата за заштита од зрачење се објавени дел од моделите што се популарни во Германија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари