logo
logo
logo

Airbnb ТРАЈНО ЗАБРАНИ ЗАБАВИ во местата кои ги изнајмува

Vecer | 29.06.2022

Airbnb ТРАЈНО ЗАБРАНИ ЗАБАВИ во местата кои ги изнајмува

Платформата за изнајмување сместување Airbnb објави дека трајно забранува организирање на какви било забави во сместувањето што ги нуди низ целиот свет, откако тоа привремено го стори во август 2020 година.

„Привремената забрана се покажа како ефикасна и денес официјално ја воведуваме забраната како наша политика. Забавите и настаните кои го одвлекуваат вниманието ќе продолжат да бидат забранети, вклучително и собири на отворено“, се вели во соопштението.

Според Анадолија понудите на годишно ниво паднале за 44 проценти.

Потсетуваат дека поединци во времето кога многу локали и клубови беа затворени поради пандемијата на корона вирусот, правеле забави во изнајмени објекти.

„Ова не загрижи и поради нарушувачката природа на неовластена забава и поради ризикот дека таквите собири би го шират вирусот“, додаваат од компанијата.

Во 2020 година, Airbnb формираше и тим за брза реакција во случај на проблеми и предвиде санкции против корисниците кои не ги почитуваат новите правила на однесување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk