Реткото писмо испратено до британската кралица Елизабета I од долгогодишниот пријател Роберт Дадли, војвода од Лестер, е продадено за 40.400 долари (39.000 евра), што е четири пати повеќе од проценетата вредност.
Дадли во документот спомнува важна државна работа во врска со животот на самата кралица и најверојатно е поврзана со политиката на Англија кон Шкотска по заговорот Трокмортон од 1583 година. Станува збор за заговор меѓу англиските католици и континенталните сили за соборување на Елизабета, која требало да биде заменета со кралицата Марија од Шкотска. Дадли и Елизабета се познавале уште од детството и биле пријатели до неговата смрт.
Уште едно писмо продадено на аукција
Експертите од аукциската куќа „Lyon & Turnbull“ успеале да откријат само две писма од војводата до Елизабета. Едното е во библиотеката Фолгер Шекспир во Вашингтон, а другото во Националниот архив во Лондон, а е напишано само неколку дена пред да умре војводата.
На аукцијата било продадено уште едно писмо, напишано и потпишано од постарата ќерка на Хенри VIII, кралицата на Англија и Ирска, Мери, позната како Крвава Мери, кое достигнало 37.700 фунти (околу 45.000 евра), двојно повеќе од бараната цена, пренесува Индекс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата