logo
logo
logo

Помалку вода – повеќе кортизол: Пиењето вода е корисно за долгорочното здравје

Vecer | 02.09.2025

Помалку вода – повеќе кортизол: Пиењето вода е корисно за долгорочното здравје

Недостатокот на течности може да го зголеми лачењето на кортизол без да се чувствува жед

Научниците откриле дека оние луѓе кои пијат помалку вода ослободуваат повеќе од хормонот на стрес кортизол, и покрај тоа што не се чувствуваат пожедни од луѓето кои пијат повеќе.

– Чувањето шише вода во близина за време на стресни периоди може да биде корисно за долгорочното здравје – сугерираат научниците.

Студијата, предводена од експерти од Универзитетот Ливерпул Џон Мурс (LJMU), вклучила 16 лица кои пиеле помалку од 1,5 литри вода дневно, заедно со 16 лица кои редовно ги исполнувале препорачаните дневни упатства за внес на течности.

Научниците ги користеле упатствата на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), кои препорачуваат мажите да пијат 2,5 литри вода дневно, а жените два литри. Сепак, луѓето можеби ќе треба да пијат повеќе кога е жешко, ако се многу активни, ако се опоравуваат од болест или ако се бремени или дојат. Научниците ја следеле хидратацијата во двете групи седум дена користејќи примероци од урина и крв, по што биле поканети во лабораторија на тест за стрес.

Резултати од лошата хидратација

Тестот вклучувал импровизирано интервју за работа, за кое секое лице имало 10 минути да се подготви. По тој период, биле повикани во друга просторија каде што била поставена лажна камера и биле замолени да направат интервју пред панел од три лица облечени во бели костуми. По симулираното интервју, од поединците било побарано да решат ментален аритметички предизвик.

Професорот Нил Волш од LJMU го опишал тестот како „навистина вознемирувачки“.

Знаеме дека луѓето кои имаат низок дневен внес на течности, кои не ги исполнуваат препораките, веројатно се слабо хидрирани. Но, она што не го знаевме беше дали, кога потоа ќе ги ставите тие луѓе во стресна ситуација под контролирани услови, тие ќе имаат поголем одговор на хормонот на стрес“, рече Волш.

Повисоки нивоа на кортизол

Научниците собраа примероци од плунка од групата пред и по стрес-тестот за да ги измерат нивоата на кортизол. Кортизолот, познат како хормон на стрес, го произведуваат надбубрежните жлезди како одговор на стресот, а исто така игра улога во имунолошкиот одговор, метаболизмот и крвниот притисок.

Тимот откри дека нивоата на кортизол биле повисоки кај оние кои пиеле помалку. Професорот Шо забележал дека реакциите на стрес, како што се зголемен срцев ритам, потење на рацете и сува уста, биле слични помеѓу двете групи.

– Двете групи се чувствувале подеднакво вознемирени и доживеале слично зголемување на срцевиот ритам за време на стрес-тестот – рече тој. – Но, луѓето кои биле слабо хидрирани, бидејќи не пиеле доволно вода секој ден, имале многу поголем одговор на кортизол.

Кортизолот е примарен хормон на стрес во телото, а прекумерната реактивност на кортизол на стрес е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и депресија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk